makedonski jazik za stranci

Македонски јазик за странци

Курсот е наменет за возрасни говорители на кои македонскиот јазик им е странски и кои сакаат да се здобијат со знаења по македонски јазик.

Со овој курс слушателите се запознаават со македонската азбука и акцент, граматиката и со соодветен фонд на зборови, со кои ќе можат соодветно да комуницираат на секојдневни теми, како и за полесно снаоѓање и нормална комуникација во приватниот и професионалниот живот во Македонија.

Курсевите по македонски јазик за странци се конципирани според Европската референтна рамка за јазици со која се предвидени 8 степени изведени од 4 нивоа А1-Б2.

Наставата е интеркативна и ги развива сите четири јазични вештини: слушање (разбирање на говорен текст), читање (разбирање на пишан текст), пишување и зборување (говорна интеракција и говорна продукција).