Младински курсеви
Курсевите за младинци се одвиваат во два семестри во 34 недели (17 недели по семестар) со фонд од 68 наставни часа од по 35 минути по семестар. Тие се реализираат со интензитет двапати неделно по два наставни часа од 35 минути.
Возраст: 11-14 години
Курсевите за младинци се конципирани според Европската референтна рамка за јазици. Наставата е интерактивна и стимулира паралелен развој на сите 4 јазични компетенции: читање, пишување, слушање и зборување. Темите одговараат на интересите на младите и нивното секојдневие, што овозможува нивно активно учество во наставата. При предавањето на граматиката се применува најнова методологија за нејзино разбирливо и лесно усвојување. Покрај стандардните материјали во наставниот процес се применуваат и многу дополнителни материјали, аудио и видео вежби, квизови и сл.
Нашиот пристап, методологија, соодветни материјали и малите групи придонесуваат за успешно усвојување на јазичните способности кај младите и активна конверзација.