germanski jazicen centar

За нас

Германскиот јазичен центар е едукативен центар специјализиран за изучување на германски јазик. Основан е во 2008 година според европските стандарди за квалитет и е единствен од ваков вид во Македонија. Во нашето портфолио се вбројуваат голем број на јазични услуги – јазични курсеви за сите возрасни групи и јазични нивоа, дневен престој на германски јазик за деца од одделенска настава, тематски викенд работилници за деца и младинци, превод и толкување, јазични патувања во земјите од германско јазично говорно подрачје и многу други активности.

„Очекувајте повеќе... Трудете се повеќе... Постигнете повеќе... Искусете повеќе...“

Што може да очекувате од DSZ?

Квалитетот и иновацијата во реализација на сите наши активности се составен дел на нашата понуда и наш постојан предизвик. За да може да гарантираме највисоко ниво на квалитет, DSZ има поставено систем за контрола на квалитет.

Што очекуваме од Вас?

Од нашите слушатели го очекуваме истото што тие самите го очекуваат од себе – да ги постигнат утврдените цели. Нашиот интерактивен модел на учење секогаш го ставаме во функција на постигнување на Вашите цели, секогаш со индивидуален и позитивен пристап кон секој слушател.

Вашето позитивно искуство е наша максима!

Што може да постигнете со DSZ?

Со DSZ имате гарантиран успех на сите Ваши планови и намери, бидејќи ние наставата ја конципираме според Вашите потреби и можности.

Изучувањето на странски јазик е успешно само доколку во секоја ситуација ги поседувате соодветните јазични вештини. Но успехот не е случаен, туку е резултат на планирање и посветена работа.

Во наставата се користат најнови и најсовремени наставни материјали, чии содржини се во согласност со јазичните нивоа на Европската јазична референтна рамка. Слушателите од почетното ниво А1 се до нивото C1 стекнуваат јазични вештини потребни во секојдневниот и професионалниот живот, преку конкретни примери од најважните области на секојдневната комуникација.