Ве покануваме на заедничко патување „Во нашиот заеднички божиќен свет - In unserer gemeinsamen Weihnachtswelt“
Објавено: 16 декември, 2016
Германскиот јазичен центар и Здружението на граѓани за третман на лицата со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“ Ве покануваат на едно необично доживување „Во нашиот заеднички божиќен свет / In unserer gemnsamen Weihnachtswelt“. Настанот е поддржан од страна на првата дама на РМ, г-ѓа Маја Иванова.
На настанот очекуваме ококу 500 посетители да ја споделат магичната божиќна атмосфера со нашите 100 учесници на возраст од 4-14 години, кои ќе пеат, рецитираат и глумат на германски и македонски јазик.
Преку овој настан Германскиот јазичен центар и Здружението Во мојот свет имаат цел да ја подигнат свеста на јавноста за поддршка на децата со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром, како и можностите за нивна инклузија во нормалниот образовен процес. Со заедничкиот настап сакаме кај децата уште од најмала возраст да го стимулираме чувството за меѓусебна грижа и радување на најблиските.
Време и локација: 17 декември, 12.00 - 14.00 часот - ВЕРО центар.